За нас

Нашата Мисија

Како фамилијарна и приватна фирма во машино – браварската индустрија, предводени од нашата мисија се трудиме да ги задоволме најразновидните потреби на нашите клиенти на регионот на Р.Македонија преку нудење на висок квалитет, брза изведба и одлични цени.

Нашата Визија

Со нашиот верен и беспрекорен стручен тим и супериорна технологија се стремиме кон се подобро и поквалитетно работење, оставајќи зад себе задоволни клиенти. Нашата инспирација и мотивација ја црпиме од:

  • Меѓусебната доверба и почит кои се втемелени во одност на кадарот
  • Желбата и амбицијата да се постигне уште повеќе на сметка на уште поквалитетен начин на работа
  • Секојдневната борба со конкурентите, каде гледаме само нова можност за успех

“БОШАВА” дооел е машино – браварско претпријатие кое се занимава со проектирање и производство на челични конструкции и разни наменски метални продукти и структури во областа на градежништвото. Секоја изработка може да се искористи за станбени, деловни или индустриски објекти.

Основана е во 1989 година во тогашна сопственост на Милан Јанчев и до ден денес се води како фамилијарна и приватна фирма со долгогодишно искуство и традиција. Денешниот сопственик, Ристе Јанчев, а и останатите вработени секојдневно ја оправдуваат лојалноста на своите потрошувачи преку напорното и посветено работење надевајќи се дека ќе направат чекор понапред – да ги осознаат и остварат нивните потреби и желби на најдобар можен начин.